Идентификуван напаѓачот од парадата за Денот на мајките

 

Полицијата идентификуваше 19 годишен маж кој е осомничен дека ранил 20 луѓе за време на парадата за Денот на мајките во неделата во Њу Орлеанс. Началникот на полицијата Роналд Серпес изјави дека полицијата трага за Ејкен Скот, но додаде дека е рано да се каже дали тој бил еднствениот напаѓач. Полицијата прикажа фотографија од осомничениот, а началникот пред новинарите порача дека треба да се предаде. Понудена е награда од 10,000 долари за информација за осомничениот. Непознати лица пукале од огнено оружје на група од околу 400 луѓе.  Пукањето се случи месец дена по бомбашките напади на бостонскиот маратон, во кој три лица загинаа, а повеќе од 250 се повредени. 

 

најчитано сега