Запалени автомобилите на турски дипломати во Берлин

Синоќа во Берлин биле запалени и целосно уништени два автомобили на турски дипломати .

Автомобилите на турската Амбасада во Берлин кои биле паркирани на оддалеченост од еден километар еден од друг,  биле запалени половина час пред полноќ.

Локалните жители ја повикале противпожарната служба и огнот бил изгаснат. 

Турските дипломати во Берлин побараа од германските власти да ги пронајдат сторителите, а Германската полиција почна истрага за случајот. 

02.01.2014 - 11:03

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега