Мртов пијан со своето БМВ прегазил полицаец и деветгодишно дете
26-годишно момче кое возело во алкохолизирана состојба, со своето БМВ прегазило осум лица на пешачки премин. Во несреќата која се случила во Варшава загинале шест лица меѓу кои полицаец, неговата сопруга и деветгодишно детенце, како и уште тројца пријатели.
Сведоците на несреќата велат дека било страшно. Телата на починатите биле насекаде по улицата.
Пијаниот маж наводно стиснал на гас кога се приближил до пешачкиот, откако претходно се скарал со сопругата за која не се знае дали била во автомобилот. Кај момчето биле пронајдени 2 промили алкохол во крвта.
02.01.2014 - 11:00
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа