ФОТО: Женски близначиња се родија во различна година!

Близначиња во Канада се родија во различна година! Линдзи Салгуејро од Канада на која терминот за пораѓање и бил на 19 јануари, добила породилни болки на новогодишната ноќ, па едното од близначињата се родило во старата, другото во новата година.

Првото бебенце се вика Габриела, а второто кое е родено 38 секунди подоцна, во Новата година е Софија.

-Мојот доктор навистина се трудеше да ги родам двете ќерки во ист ден, но Софија сакала поинаку, вели мајката.

02.01.2014 - 10:55

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега