Израелскиот парламент воведува нови мерки за заштита на животната средина

Израелскиот Парламент започнува двегодишен проект за штедење на електрична енергија и драстично намалување на штетното влијание на зградата врз животната средина. Со ваков чекор тој ќе стане најеколошки во светот.

Израелскиот Парламент планира на простор од 4,5 декари да изгради сончев парк за производство на струја, да воведе автоматско исклучување на компјутерите на крајот од работниот ден, да го мери обемот на потрошена вода за пиење и полевање и да воведе други мерки за штедење на енергијата.

Вредноста на оваа иницијатива ќе изнесува околу два милиона американски долари.

02.01.2014 - 10:48

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега