Откриена е нова ѕвезда што експлодира
Пронајдена е нова ѕвезда што експлодира, за која се верува дека можеби е најсјајната и најодалечената ѕвезда досега. Ѕвездата е оддалечена 10 милијарди светлосни години од Земјата и е неколку стотини пати посветла од вообичаените супернови.
"Астрономите кои ја открија веруваат дека е нов вид на ѕвезда која умира поради што ја нарекоа „суперсветлечка супернова“ , пренесува Национал Географик.
Oваа супернова за прв пат е забележана пред шест години како мала ултравиолетова точка, кога астрономите не беа сигурни што всушност откриле. Нејзината екстремна светлост тогаш не можеше да се објасни со ниту една постоечка теорија за суперновите.
Вообичаено се верува дека суперновата настанува кога некоја ѕвезда ќе остане без нуклеарно гориво во своето јадро, што, пак, предизвикува нејзин колапс во облик на неутронска ѕвезда или црна дупка.
Новиот модел кој го развија астрономите во студијата, предводена од Д. Ендрјум Ховел од Универзитетот Калифорнија во Санта Барбара, САД, сугерира дека високомагнетизираните и брзовртечките неутронски ѕвезди како клучни претци на суперсветлечките супернови, овозможуваат доволно енергија за создавање на такви експлозии во вселената.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа