ВМРО-ДПМНЕ: Судиите избрани од Зајас и Муртино сеуште слугуваат на СДС и ДУИ
Казните кои ги добија екс директорите Флориан Бесими и Артан Етеми, се доказ треба реформи во судството се потребни, веднаш, се вели во партиското соопштение на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.
По 1,5 година казна затвор им беа досудени на Бесими и Етеми, за пожарот во Модуларната болница во Тетово во кој загинаа 14 луѓе. Во секоја нормална држава, казнети ќе беа сите оние кои имаат некаков допир со трагедијата, но само кај нас не. Кај нас се штитат главните виновниците, а доколку некој мора да се пушти низ вода, добива по минимална 1,5 година. Екс директорот Бесими, во својата одбрана истакна дека до него на обвинителна клупа треба да седне Венко Филипче, кој тогаш беше министер за здравство. Зошто Филипче не е опфатен со истрагата? И зошто е заштитен како бела мечка? Да потсетиме дека тој дозволи градење на овие модуларни болници додека беше министер, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Реформи во судството на СДС и ДУИ, мора да има! Правда и одговорност, граѓаните мора да добијат, додаваат од владејачката партија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа