Минатата година во Ирак загинале 7.818 цивили

Според податоците кои денеска ги објави мисијата на ОН во Ирак, во оваа земја во текот на минатата година загинале 7.818 цивили. Воедно тоа е најголем број на цивилни жртви во последните неколку години. 

Податоците со кои располага Мисијата покажуваат дека, во Ирак во декември загинале 759 лица, од кои 661 цивил и 98 војници.

Кога покрај цивилните ќе се додаде и бројот на загинатите припадници на безбедносните сили, тогаш вкупниот број на жртвите лани изнесувал 8.868.

“Ова е тажен биланс, кој повторно потврдува дека е потребно ирачките власти да го решат проблемот со насилството”, истакна шефот на мисијата на ОН во Ирак, Николај Младенов.

Тој ги повика Ирачаните да преземат итни чекори за прекин на насилството.

02.01.2014 - 09:40

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега