Четиринаесет лица повредени во експлозија во Америка

Четиринаесет лица се повредени во експлозија која се случи вчера, во станбена зграда во американскиот град Минеаполис.

Повредените веднаш биле пренесени во болница, а шестмина од нив се во критична состојба.

За сега не се познати причините за експлозијата. Во областа не е евидентирано истекување на гас. 

Од експлозиите се урнал покривот и горните катови на трикатниот објект, а веднаш потоа избувнал и пожар.

02.01.2014 - 09:25

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега