Дискриминациски ли се огласите за вработување во Македонија?

 

Државниот советник во Министерството за труд и социјална политика и претседател на Комисијата за заштита од дискриминација Душко Миновски денеска ќе ја промовира анализата направена по истражување на огласи за вработување со постоење дискриминаторски елементи.

Целта на истражувањето спроведено минатиот месец беше да се увиди праксата на објавување огласи за вработување со дискриминациски елементи и да се даде препорака за промена на таквата пракса и неправење дискриминација по ниту една основа во областа на работата и работните односи и процесот на барање работа.

Со истражувањето кое траеше 30 дена и во чии рамки се обработени 300 огласи, земени се предвид три основи - пол, возраст и личен/општествен статус.

најчитано сега