Од денеска поевтини СМС пораки во Македонија

Од денеска мобилните оператори ќе имаат можност значително да ги намалат цените на СМС пораките.

Директорот на Агенцијата за електронски комуникации вели дека законкската процедура која вклучува јавна расправа и предлози од операторите завршила во декемви, а според законот големопродажните цени стапуваат на сила денеска.

АЕК од стартот на годинава ги спушти големопродажните цени на пораките за 75%, од 2 на половина денар. Очекува пазарната конкуренција да го стори своето и граѓаните наскоро да имаат многу поевтин СМС.

Заради помалиот број на паметни телефони СМС и натаму е многу користена опција за комуникација во Македонија.

Во 2013-та АЕК во мобилната телефонија за 70% ги намали и цените за интерконекција, а во фиксната за 30% цената за пристап до операторот со значителна пазарна моќ. Ова треба да доведе до поевтинување на говорот за потрошувачите.

01.01.2014 - 23:19

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа