Мицкоски објави одлични вести

Премиерот Христијан Мицкоски утрово објави нови одлични вести на својот Фејсбук профил.
Сакам да објавам одлични вести од Царинската управа - кпи се показател со бројки и факти дека се работи одговорно и домаќински, напиша Мицкоски.
„Царинската управа во текот на месец април наплати приходи во износ од 11,7 милијарди денари што е за 7,3 проценти или 792 милиони денари повеќе од истиот месец минатата година. Притоа приходите од данок на моторни возила се зголемени за 20,5 проценти, од царина за 14,1 процент, а од акцизи за 16,3 проценти.
Вкупно од почетокот на годинава, за четири месеци Царинската управа наплати приходи во износ од 41,2 милијарди денари што е за 4,1 процент или 1,6 милијарди денари повеќе од истиот период минатата година.
Истите овие средства веројатно порано завршувале во приватни џебови. Сега тие се во буџетот за граѓаните“, истакна премиерот.
04.05.2025 - 10:56
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа