Ахмети: ДУИ и Европскиот фронт не одлучиле за настап на локалните избори
Претседателот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети во изјава за медиумите истакна дека неговата партија и „Европскиот фронт“ сè уште не донеле одлука како ќе настапуваат на локалните избори кои треба да се одржуваат во октомври годинава.
-Ова прашање сè уште не е дискутирано. Ќе бидат повикани сите партии од „Европскиот фронт“ и ќе се разгледа целата ситуација, потенцира Ахмети при неговата посета на скопското село Свиларе.
Прашан дали има некаков договор со Арбен Таравари за локалните избори, Ахмети рече дека во текот на неделава ќе бидат повикани сите органи на партијата и ќе бидат разгледани сите прашања.
-Сè уште нема финални разговори. ДУИ сè уште не ги повикала раководните тела на партијата. Во текот на неделава ќе бидат повикани највисоките партиски тела, ќе бидат разгледани сите ситуации. Секако, го цениме смелиот чекор на Таравари, бидејќи тој многу порано сфати дека оваа влада не е ништо повеќе од антиалбанска влада, нагласи Ахмети.
Лидерот на ДУИ рече дека дека ја цени одлуката на Таравари да се одвои од „Влен“.
-Сè уште не е изградена никаква стратегија. Господинот Таравари ми се чини дека рече „јас не сум роден во влада“, и во моментот кога ќе стане неприфатлив, може да си замине. Но, ова се прашања на господинот Таравари, тоа не се прашања на ДУИ, ниту на „Европскиот фронт“, тоа се внатрешни прашања што господинот Таравари кој треба да ги менаџира, рече Ахмети.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа