Уапсен поранешниот шеф на Југословенската разузнавачка служба

Утринава е уапсен Јосип Перковиќпоранешниот шеф на југословенската, а потоа и на хрватската разузнавачка служба.

Како што изјавил неговиот адвокатот Анте Нобило, Перковиќ е уапсен утринава околу 10 часот и се наоѓа во полициска станица, заедно со разузнавачот Здравко Мустаќ.

Перковиќ во текот на денов ќе биде однесен на сослушување во Државното обвинителство, потврди Нобило.

Според законската процедура, Обвинителството треба да ги сослуша уапсените и да ги праша дали се согласуваат на екстрадиција.

 Потврдниот одговор во врска со процедурата на екстрадирање би бил само формалност, но Нобило истакна дека Перковиќ нема да се согласи со тоа.

01.01.2014 - 15:04

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа