ФОТО: Невена на 2 Мај требало да слави роденден - Загина во сообраќајка, од ударот се забила во шофершајбната
Жителите на Алексинац во Србија се во шок по тешката сообраќајка во која животот го загуби 20-годишната Невена З. од ова место.
Таа на 2. Мај требало да го прослави својот 21. роденден, но наместо тоа за жал, замина во смрт.
Пријателите велат дека била многу добра и весела девојка.
- Таа беше прекрасна девојка, весела, секогаш спремна да помогне. Ова е страшна трагедија за нејзините родители и сестра, како и за сите нас, вели една пријателка на младата Невена.
Според досега неодицијалните податоци од српските медиуми, Невена седела на задното седиште на автомобил „Фолсваген", кога на тоа возило налетал автомобил марка „Форд", кој непрописно преминал од една во друга сообраќајна трака, а Невена од силината на ударот летнала од седиштето преку возачот и совозачот и се забила во шофершајбната.
Возачот на Фордот бил на црковна венчавка во Белград и тргнал на свадбата во ресторанот кога се случила несреќата.
Уапсен е 32-годишниот Н.П. од Белград, поради основано сомнение дека извршил кривично дело, тешко дело против безбедноста во сообраќајот.
Останатите тројца учесници во сообраќајката се здобиле со лесни повреди, а едно лице е згрижено во Клиничкиот Центар во Ниш.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа