Состојбата на Шумахер е стабилна
"Состјбата на легендарниот Михаил Шумахер е стабилна”, изјави неговата менаџерка Сабине Кем.
“Неговата здраствена состојба изутрината и во текот на ноќта е стабилна, рече таа, на англиски и германски јазик пред претставниците на медиумите”, јавува дописникот на МИА од Париз.
Кем вели дека тоа е добра вест и додаде дека ќе се одржи прес-конференција само доколку има промени состојбата.
Менаџерката на германецот одби да даде прогнози за здраствената состојба на Шумахер.
“Само лекарите од болницата се овластени да зборуваат за ова прашање, рече таа, додавајќи дека „состојбата се уште останува критична“.
На вчерашната прес-конференција лекарите одбија да даваат прогнози, велејќи дека часовите кои престојат се „критични“. Лекарите и дирекцијата на универзитетската болница од Гренобл се под силен медиумски притисок.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа