Бијонсе: И после бременоста зрачам со сексипил

 

Познатата пејачка Бијонсе иако пред извесно време стана мајка, се уште се чувствува сексипилно. Таа вели дека во своите нови спотови ќе го истакне нејзиниот сексипил и ќе покаже дека истовремено може да биде и мајка и секси дива .

"Сакав да го покажам своето тело. Сакав да покажам дека истовремено можам да родам дете, но и да бидам секси. Сексуалноста е моќ која сите ја имаме", вели Бијонсе.

Според изјавата пејачката во текот на бременоста имала 88 килограми, но со напорна работа успеала да ослаби дури 29 килограми.

Пејачката додаде дека снимањето на спотот за песната „Partition“ ја вратило на почетокот од врската со нејзиниот сопруг Џеј Зи.

 

01.01.2014 - 13:00

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега