Следува период на нестабилно време со дожд и грмежи
Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека следува период на нестабилно време со дожд и грмежи.
Претпладне во текот на денешниот ден, времето се очекува да биде сончево со умерена облачност, а веќе од попладне, во западните и крајните источни делови, ќе има развој на нестабилна облачност со локален дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Се очекува минималната температура да биде во интервал од 4 до 10, а максималната да достигне од 20 до 27 степени.
Во Скопје, сончево време со умерена облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер. Попладне ќе има умерен развој на нестабилна облачност. Се очекува минималната температура да се спушти до 7, а максималната да достигне до 27 степени.
Според синоптичарите, утре во претпладневните часови, времето ќе биде сончево и релативно топло со умерена облачност, а во попладневните ќе има развој на нестабилна облачност со локален дожд и грмежи. Од среда на повеќе места ќе биде нестабилно со повремени врнежи од дожд, локално поројни, проследени со грмежи.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа