На скопскиот Ургентен завршиле 58 лица

Во текот на изминатото деноноќие на скопскиот Ургентен центар биле прегледани 58 пациенти.

Осумнаесет од нив се задржани на болничко лекување, што е мал број во однос на изминатите години.

Едно лице заработило повреди при огномет во вратот. Пет пациенти биле повредени во физички пресметки.

Како што веќе објавивме, повредени биле и две лица, вработени во Брзата помош.

01.01.2014 - 12:19

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега