23 лица се препиле и завршиле на Токсикологија - 11 од нив биле малолетни

Синоќешната прослава на Нова Година резултираше со вкупно 23 акутни труења со алкохол, но, ниту едно хоспитализирано лице.

Директорот на Универзитетската клиника за токсикологија Антон Чибишев денеска информира прегледани се вкупно 28 пациенти што не се случило во последните пет години. 

Од регистрираните 23 алкохолни труења, 15 се кај мажи, а осум кај жени. 11 од нив се помали од 18 години.

- Сите пациенти кои дошле и побарале помош во нашата установа се успешно истретирани, дадена им е соодветна терапија и вратени се на домашно лекување, вели Чибишев, пренесува МИА.

01.01.2014 - 11:47

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега