Насилници нападнаа комби на Итна помош сред Скопје - возачот итно опериран на Трауматологија

Засега непознати насилници ноќеска околу полноќ нападнале возило на Итната медицинска помош. ИНцидентот се случил кај Центарот за зависници во скопска Кисела Вода.

Според информациите од Итната медицинска помош, со повреди се здобил возачот на возилото, кој имал скршеница на раката и потрес на мозокот. Во текот на ноќта итно бил опериран на Клиниката за трауматологија. Докторката која била во возилото, не заработила повреди.

Од полицијата велат дека работат на откривање на сторителите.

01.01.2014 - 11:17

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега