Новинар преправен во свештеник се обидел да влезе во собата на Шумахер

 

Новинар преправен во свештеник се обидел да влезе во собата на Михаил Шумахер во болницата каде што моментално се наоѓа.

На тоа неговата менаџерка Сабине Кем вели: "Не можев да замислам дека тоа ќе се случи. Oд сите барам да им овозможат на лекарите мир за тие да можат да работат, а и на семејството да му дадат мир бидејќи тие секојдневно се изложени на непријатни и стресни ситуации".

Шумахер пред извесно време доживеа несреќа за време на скијањето во Франција. Неговата критична сотојба го шокираше светот а фановите секојденевно се собираат пред болницата за да му дадат поддршка на легендарниот возач на Формула 1.

 

01.01.2014 - 10:52

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега