Латвија стана 18 членка на еврозоната

 

Латвија денеска ја замени својата национална валута во евро и стана 18 членка на монетарната унија, во која повеќе од 330 милиони луѓе го користат еврото во финансиски трансакции.

Приклучувањето на еврозоната значи дополнително зајакнување на врските помеѓу балтичките земји и Брисел, поголеми можности на Латвија за надворешно-трговска  размена, привлекување на инвестиции, отворање нови работни места и забрзување на економскиот раст.

Се очекува дека промената на валутата ќе донесе поголема инфлација и дека Латвија ќе биде земја со најбрз економски раст во еврозоната како резултат на подобрување на економските услови во областа, што допринесе раст на извозота воведувањето на еврото, ќе има позитивно влијание врз трговијата .

01.01.2014 - 10:33

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега