Ова се најинтересните сообраќајни закони во светот

 

Во сообраќајот има многу закони и правила кои треба да се почитуваат, но има и такви коишто немаат смисла. Хафингтон Пост објави листа на најнеобичните сообраќајни прописи.

Така на пример во Велика Британија се уште постои правилото според кое возач на такси возило во Лондон мора со себе да носи бала сено и торба во која се наоѓа овес. Овој многу застарен пропис датира од периодот на појавата на моторните возила, кога превозот на патниците се одвивал во кочии кои ги влечеле коњи.

Интересно е и тоа што возачите во Данска имаат обврска да погледнат под седиштето на автомобилот пред да влезат вп него, за да проверат да не се наоѓа случајно некое лице.

Во Кипар возачите не смеат да консумираат  каква било храна или пијалак додека го возат возилото, а тоа се однесува и на вода. Додека пак законот во Русија предвидува казна за возач ако вози нечист автомобил.

 

Шпанските возачи кои имаат проблем со видот, мора во автомобилот да имаат и резервни очила,а исто така и возилата не смеат да се паркираат на непарни датуми само на таа страна на улицата на која се наоѓаат непарни домашни броеви.

31.12.2013 - 15:17
Фото: 
Дневник

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега