Петар Богојески е нов директор на „Еразмус“
Лидерот на „Македонски концепт“ и коалиционен партнер во новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Петар Богојески е именуван за нов директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност – „Еразмус“.
Агенцијата управува со значаен фонд на средства, од кои најголем дел доаѓаат од програмата „Еразмус+“ на Европската Унија. Програмата има за цел да го поддржи образованието, обуката, младите и спортот во земјите од Европа, меѓу кои и Македонија.
09.04.2025 - 18:16
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа