Петар Богојески е нов директор на „Еразмус“

 


Петар Богојески, лидерот на „Македонски концепт“ и коалиционен партнер во новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, е именуван за нов директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност – „Еразмус“.

Агенцијата управува со значаен фонд на средства, од кои најголем дел доаѓаат од програмата „Еразмус+“ на Европската Унија. Програмата има за цел да го поддржи образованието, обуката, младите и спортот во земјите од Европа, меѓу кои и Македонија.

Богојески доаѓа на местото на досегашниот директор Марко Ѓоргиевски, кој раководеше со институцијата од ноември 2020 година.

Петар Богојески стана познат во јавноста во 2018 година, кога како истакнат „реформатор и фракционер“ беше разрешен од функцијата заменик генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

09.04.2025 - 16:50

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега