Шест лица потешко повредени во „напад на бес“

Шест лица се потешко и полесно повредени во „напад на бес“ во Северна Ирска, соопшти полицијата во оваа британска покраина.

Инцидентот се случил во местото Њутаунаби, во областа Антрим, која се граничи со Република Ирска во засега не до крај разјаснети околности.

Во инцидентот две лица се потешко повредени, а врз едно од нив морало итно да се изврши хирушка интервенција во локалната болница.

Според наодите на лекарите, никој од повредените не се наоѓа во животна опасност.

31.12.2013 - 13:17
Фото: 
Пулс24

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега