Биле подложени на над 12 големи операции: Четворица повредени од пожарот во Кочани пуштени од болница во Бугарија

 


Четворица од повредените лица во пожарот во дискотеката Пулс во Кочани, кои беа на лекување во соседна Бугарија во болницата „Пирогов“ денеска се пуштени од болница.

Се работи за лица на возраст од 15, 16, 28 и 31.


По ова, нивните родители се заблагодарија на лекарите и Бугарија за помошта. 

Како што велат, ова е момент на радост по 3 недели.


„Тука сме да се заблагодариме на директорката на болницата, проф. Аргирова, на сите лекари и на целиот персонал, кои со својата хуманост и професионален однос ги излекуваа нашите деца. Исто така, сакаме да се заблагодариме на Бугарија и на целиот бугарски народ за нивното сочувство и грижа за нас. Им благодариме и на сите крводарители. Уште еднаш многу ви благодариме од се срце!“, рече Хуанита Соколова.

„Ви благодариме од се срце!“ изјави Борчо Минов.  


Како што велат од болницата, сите четворица отпуштени пациенти биле подложени на над 12 големи операции. Сепак, нивните повреди не се само физички.

„Кога сакаат кажуваат што се случило, кога не – не ги тераме. Ќе останат со голем шок и траума до крајот на животот. Сега се како семејство и се надеваат дека на сите еден ден ќе им биде подобро“, објасни Катица Петрова. 

Уште четворица повредени се уште се на одделението за интензивна нега во болницата Пирогов.

Во трагедијата во Кочани на 16 март загинаа 61 лице, а стотина беа повредени.

08.04.2025 - 19:14

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега