Дачиќ: Државата го уби Ѓинѓиќ

Српскиот премиер Ивица Дачиќ синоќа за „Б92“ изјави дека поранешниот премиер Зоран Ѓинѓиќ е убиен од луѓе од државните институции.

-Изгубивме 14 години вртејќи се во круг. Кој и да ги направил тие кривични дела мора да одговара, без оглед дали е од оваа или онаа партија или е мој најблизок , истакна Дачиќ.

Државата го уби и Зоран Ѓинѓиќ. Тоа го направија луѓе од државниот орган, нагласи тој.

31.12.2013 - 12:54
Фото: 
Денешен

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега