Понеделнички три Комисии заседаваат во Собрание

 

Во Собранието денеска ќе заседаваат три собраниски комисии - Комисијата за за одбрана и безбедност, Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика и Законодавно-правната комисија.

На дневен ред на Комисијата за одбрана и безбедност е Предлог-одлуката за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во меѓународната операција на Европската Унија „АЛТЕА“, во Босна и Херцеговина. Оваа Предлог-одлука е на дневен ред и на Законодавно-правната комисија.

На дневен ред на Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика е Предлог на закон за изменување на Законот за забрана и спречување на вршење на нерегистрирана дејност.

Овие две точки ќе бидат на дневен ред и на Законодавно-правната комисија, заедно со Барање за давање автентично толкување на член 3 точка 4-а) од Законот за трговските друштва. 

07.04.2025 - 07:53

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега