Брена: Ако не се омажев со Боби, ќе останев сама!

 

Годината која е зад нас за Лепа Брена беше турбулентна, бидејќи нејзините синови отидоа да студираат во Америка, па таа имаше тешка задача да се прилагоди на празниот дом.

Најголема нејзина поддршка беше нејзиниот сопруг Боби Живојинович. Во една изјава таа вели дека нив ги споиле тешките животни моменти, кои го зацврстија нивниот брак.

"Боби и јас се боревме да го зачуваме семејството, како една трајна животна вредност, бидејќи сметам дека секој брак треба да се зачува, но ако нешто не оди, не оди. Доколку не се омажев со Боби, сигурно немаше ни да се омажам, бидејќи не е лесно со мене, но ни со мажите од овие простори" вели Брена.

“Кога ќе се комбинираат две силни енергии, две изградени самостојни личности, две кариери, треба многу напор за да се создаде заедница, каде што тие двајца ќе можат да го продолжат животот заедно. Идеален брак постои само на филм. Но мене и Боб, покрај љубовта и децата, не поврзаа и тешките моменти во животот кои ги пребродевме заедно” додава пејачката.

Таа вели дека оваа година ќе ја памети по тоа што нејзините деца ја напуштија куќата и по извесно време таа научи да се справува со тоа.

Како што вели утеха нашла во работата, а песната "Љубовта ја чувам за крај ," ќе им ја подари  на нејзините фанови пред 2014 година.

31.12.2013 - 12:17

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега