Подобрена состојбата на Шумахер!
Здраствената состојба на Михаил Шумахер малку се подобрилa откако во текот на вечерта му била извршена нова хируршка интервенција.
Според докторите, некои знаци „дозволуваат да се помисли дека ситуацијата е подобро контролирана од вчера“. Операцијата траела два часа и дозволила да се добие на време, при што бил отстранет еден хематом во мозокот.
- Има подобрување во однос на вчера, но не можам да ви кажам дека е надвор од опасноста. Се може да евалуира кон добро, како и кон лошо, вели професорот Пајен.
Семејството на Шумахер е постојано покрај него во болницата.
За потсетување, тој се повреди за време на скијањето на француските Алпи при пад со брзина од 100 километри.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа