Не земал плата бидејќи не е оженет

 

 

Вработените во Центарот за култура и спорт во Србац не добиваат плата во исто време. Тоа на своја кожа го осети Дарко Граховац, кој поради тоа што побарал објаснување зошто се уште не земал плата заврши во полиција.

Граховац, инаку професор по физичка култура, кој веќе четири години работи како технички секретар, се уште ја нема земено својата плата за месец јули. Случајно или не, дел од платата професорот добил веднаш по доаѓањето на екипата на Радио и телевизија на Република Србија која дошла со цел да направи интервју со директорот при што ќе го притиснат јавно да каже која е причината поради која Граховац не зема плата.

"Не можам да го сватам него, тој нема семејство, не е во брак, секогаш приоритет ми се работниците кои имаат семејства и  деца, така што тие секогаш се први платени", вели Даниел Вукотиќ, директор на Центарот за култура и спорт во Србац.

Иако се ближи кон крај на годината, Граховац доби само дел одплатата која му следувала во месец јули. Директорот оваа ситуација ја оправдува бидејќи како што вели имаат недостаток на пари и  буџетот е намален од 76 на 40 илјади евра.

 

31.12.2013 - 09:58

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега