За еден ден 14 сообраќајки на скопските улици

 Во текот на изминатото деноноќие во Градот Скопје се случиле 14 сообраќајни незгоди, во кои нема тешко повредени лица. Единаесет се со причинета материјална штета, а три со полесни телесни повреди со кои се здобиле двајца возачи и еден пешак.

Според евиденцијата на сообраќајната полиција, случени се уште три незгоди со мала материјална штета во кои е пополнет европски извештај.

Собраќајната полиција вчера открила и санкционирала осуммина возачи кои непрописно ги паркирале возилата на автобуските стојалишта и 12 возачи кои ги оставиле возилата на пешачките премини или на крстосница. Со специјалното возило „пајак“ отстранети се 50 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

Од сообраќај се исклучени петмина возачи кои возеле под дејство на алкохол, а преземени се мерки и против четворица возачи кои не отстапиле првенство на минување на пешаци на обележан пешачки премин, како и седуммина возачи кои не ги почитувале светлосните сообраќајни знаци на крстосниците.

За денеска нема најавено вонредни настани. Централната прослава за дочек на Новата година во Градот Скопје ќе се одржи на плоштадот „Македонија“, а од страна на сообраќајната полиција ќе бидат преземени мерки за сообраќајно обезбедување и безбедно одвивање на сообраќајот. Во зависност од интензитетот на сообраќајот и раздвиженоста на пешаците ќе се изврши пренасочување на дел од улиците „11 Октомври“ и „Димитрија Чупоски“ и тоа на потегот од крстосницата од ул. „11 Октомври“ со ул. „Даме Груев“ до крстосницата од ул. „Димитрија Чупоски“ со ул. „Васил Главинов“.

31.12.2013 - 09:14

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега