ДОМ: Кривична пријава за екоцидот на Крива Река

 

Согласно изнесените информации од страна на Градоначалникот добиени од резултатите од акредитираната лабораторија за загадувањето на Крива река, го повикуваме да покрене кривична пријава до обвинителство  за кривично дело екоцид  по чл.218-б од КЗ, велат од ДОМ. 
„Согласно кривичниот закон ваквото загадување на животната средина претставува тешко кривично дело против природата и животната средина каде се предвидени затворски казни над 10 години за одговорните лица во правното лице.
Владата треба да размисли какви кадри поставува на одговорни функции, кои треба да превенираат идни хаварии“, стои во соопштението од ДОМ.
28.03.2025 - 14:28

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега