Фон дер Лајен: ЕУ работи на зајакнување на безбедноста на Украина и Европа

 


Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, која исто така е на самитот „коалиција на волните“ во Париз, изјави дека ЕУ работи на зајакнување на безбедноста на Украина, но и на Европа во целина.

 

„Зајакнување на Украина да може да се одбрани – тоа е почетната точка. Но, ни треба и заеднички, долгорочен план“, рече таа.

Зеленски, Макрон и Стармер одржаа воведна средба во Париз

 

Володимир Зеленски, Емануел Макрон и Кир Стармер утрово одржаа кратка средба во Елисејската палата пред пошироката рунда разговори што ќе следи подоцна во текот на денот. Макрон и Стармер се домаќини на состанокот на таканаречената „коалиција на волните“, на кој ќе присуствуваат делегации и лидери од вкупно 31 земја.

27.03.2025 - 11:35

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега