Утре во Солун молк за жртвите во пожарот во Кочани
Утре, сабота, во 12 часот на главниот плоштад во Солун, Аристотел, ќе им се оддаде почит на жртвите кои загинаа во пожарот во Кочани. Собирот е насловен ,,Солун во молк за Кочани”.
„Солун солидарно стои покрај Кочани, Северна Македонија, додека ги оплакуваме 59-те животи кои згаснаа на 16-ти март во трагичен пожар. Како еден од афектираните градови, во кој повредени добиваат помош, ве замолуваме да ни се придружите да го искажеме нашето сочувство за изгубените животи, за повредените, за нивните семејства. Придружете ни се во моментот на молк во чест на нивниот спомен и искажувањето на поддршка“, наведено е во најавата за собирот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа