ВИДЕО: Скромната новогодишна желба на момче болно од Даунов Синдром
Малиот Елиот, koj боледува од Даунов Синдром, имал само една желба за новогодишните и божиќните празници. Својата скромна желба да добие новогодишна честитка, тој ја кажал на својата мајка, која напишала пост на Фејсбук и очекувала дека Елиот ќе добие неколку честитки од своите пријатели, но се случило нешто сосема неочекувано што ѓи стопли срцето на неговата мајка, а Елиот го направи најсреќно дете на светот.
Речиси од секоја држава во САД, Елиот доби новогодишна честитка.
Нивниот дом сега е преплавен со над 1.800 честитки, кои се наредени по масите и ѕидовите на нивната куќа.
На ова Елиот вели:"Пресреќен сум. Ова е најубавиот подарок, доказ дека некој се грижи за мене".
Оваа новогодишна желба на момчето одекна низ медиумите и социјалните мрежи, а поради големиот интерес се очекува кај нив да стигнат уште илјадници честитки.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа