Притвор од 48 часа - Бектеши заврши во Затворот Шутка

 

Судот во Кочани ја прифатил мерката и изречен е краткотраен притвор за случајот со пожарот во дискотеката во Кочани каде за жал загинаа 59 лица, додека повеќе од 160 се повредени.

- Вчера беше прифатена мерката и е изречен краткотраен притвор во рок од 48 часа, велат од Судот во Кочани, за случајот со пожарот во дискотеката "Пулс".

Според последните информации, Основното јавно обвинителство Кочани предложи определување мерка краткотраен притвор за 16 лица. Предлозите се прифатени и мерката е определена за сите 16. Од нив неколку се спроведени во Шутка во Скопје, останатите во Куманово. Краткотраен притвор од 48 часа издржуваат и Крешник Бектеши, како и поранешниот прв човек на Пазарна, Штраус. 

Пожарот кој настана во дискотеката "Пулс" во Кочани, каде загинаа 59 лица, додека повеќе од 150 се повредени, ја зави во црно цела македонската, балканска и светска јавност. Во нашата држава е прогласена седумдневна жалост. 

Пулс немал хидрантска мрежа, ималo само два ПП апарати, вратата на заедниот дел била затворена и без квака од внатрешната страна, а објектот бил непрописно обложен со материјали за звучна изолација и за визуелни ефекти со лесно согорливи материјали. 

За време на седумдневната жалост што ја прогласи Владата, знамињата се на половина копје, откажани се сите музички, забавни активности и настаните во установите од областа на културата, а прилагодена е и програмата на медиумите. Отворени се книги на жалост во Собранието, во МНР и во македонските амбасади низ светот.

19.03.2025 - 08:29

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега