Бред Пит стана библиотекар

 

Актерот Бред Пит, ќе биде дел од криминалистичка комедија со наслов "Мачото и смотаниот". Во овој филм актерот ќе има улога на универзитетски библиотекар. Дејството на филмот се одвива во универзитетско гратче. Главните ликови се полицајци, кои се претвораат во студенти за да го испитааат случајот за шверц со дрога.

За снимањето тој бил поканет од својот колега Џон Хил, кој има една од главните улоги во филмот.

Двајцата актери предходно веќе имаат глумено во 2011 година во филмот "Човекот кој промени сè".

Се очекува премиерата на филмот да биде следната година во јуни. 

Последен филм во кој Бред Пит глуми е "12 години ропство" во режија на Стив Макуин.

Оваа година беа пуштени уште два филма во кои Бред се појавува,  "Волшебникот" и "Војна на световите ".

 

30.12.2013 - 14:39

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега