Млад кошаркар е меѓу загинатите во ужасот во Кочани

 

Кошаркарот на третолигашот Дино Баскет, Петар Ивановски, е меѓу жртвите во дискотеката во Кочани, каде 59 лица загинаа, а стотина се повредени.

20-годишното момче својата кариера ја почнало на најмала возраст и имал освоено многу трофеи. 

- Аххх , Аххх НАШ ПЕТАР. Со голема тага ја примивме веста каде што нашиот соиграч Петар Ивановски е еден од жртвите во синоќешната трагедија. Тој беше голем човек со големо срце, беше голем борец и беше МВП на турнир М-14. Ја почна кариерата уште на најмала возраст, освојуваше многу трофеи и победи во рамките на клубот. Тагата е преголема, сочуство до семејството…напишаа на Фејсбук КК Баскет Дино Деликатес - Кочани.

 

17.03.2025 - 06:59

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега