Огромна трагедија во Кочани: Десетици загинати во пожар во дискотека (ВИДЕО)
Огромна трагедија во Кочани: Десетици загинати во пожар во дискотека (ВИДЕО)
Десетици загинати во пожар во дискотека во Кочани, дознава Press24.
Телевизија Кочани објави дека пожарот избувнал некаде околу 3 часот по полноќ.
-Стравични сцени и драматична борба за спасување на повредени и преживеани се случуваше во раните утрински часови.Бројот на жртви засега никој него знае,се спомнуваат 20,50 и до 100 жртви.Во гаснењето на пожарот и спасување на младите пристигнаа против пожарни екипи од сите градови на околината,како и возила и медицински екипи.Се претпоставува дека оваа страшна трагедија која не е забележана во историјата на Кочани,се случила од светлосните ефекти во диското за време на концерт на групата ДНК, пишува телевизијата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа