Сиљановска се сретна со Гафарова во Баку - Следи средба со премиерот

 

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, денеска во Баку се сретна со претседателката на Националното собрание, Сахиба Гафарова. Сиљановска Давкова се потпиша во Книгата на впечатоци во Собранието, а со Гафароваа разменија искуства за функционирањето на законодавните домови, застапеноста на жените во пратеничките редови и собраниските функции, како и за можностите за соработка.

Претседателката, која е во официјална посета на Азербејџан, ќе има средба и со премиерот Али Асадов.

Активностите на претседателката почнаа вчера со тет-а-тет средба со нејзиниот домаќин Илхан Алијев на која беше иницирано потпишување декларација за стратешко партнерство и пријателство со фокус на јакнење на соработката во енергетиката и економијата, како и  укинување на визите за дипломатски и службени пасоши.

12.03.2025 - 10:12

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега