Мисајловски најави убава вест за сите граѓани

 
Владо Мисајловски денеска на Фејсбук објави убава вест за граѓаните.
 
- "Убав ден Македонијо! Сакам да ве поздравам по пат накај касарната во Кичево каде што ќе направиме увид во градежните активности на дел од објектите кои се реконструираат, но и да најавам уште една убава вест до сите граѓани. Премиерот минатата недела извести дека ќе објавиме конкурси кои ќе значат нова свежина во редовите на Армијата. Затоа сакам да најавам дека денеска објавивме Јавен оглас за прием на нови 300 професионални војници и Јавен оглас за 10 подофицери во македонската Армија, а следува и огласот за прием на 60 лица со завршено високо образование во офицерски чин", напиша Мисајловски на Фејсбук.
 
Вели дека ова е навистина одлична можност за сите млади и мотивирани мажи и жени од сите етнички заедници, кои сакаат својата работна кариера да ја посветат во заштита на мирот и безбедноста на државата и на граѓаните.
 

12.03.2025 - 09:57

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега