Пожарникарите со полни раце работа: Избувнаа 60 пожари, 9 сеуште се активни
Во текот на последните 24 часа на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 се регистрирани вкупно 2007 повици. Од нив „реални“ повици биле 1178, а останатите 829 биле за други потреби на граѓаните кои не биле итни, информираа утрово од Центарот з ауправување со кризи.
Кон полицијата биле упатени 192, кон итната медицинска помош 77 повици, кон пожарникарите 92, кон АМСМ 1 и кон ЦУК 11 од вкупно примените повици.
Сите овие повици за итни случаи биле предмет на примање и обработка во ЦУК, а и на директно координирање за нивно решавање со институции и служби во Системот за управување со кризи.
Со зголемувањето на температурите изминативе неколку дена, забележано е и зголемување на бројот на повиците кон ТППЕ, односно зголемен број на противпожарни интервенции.
Само за време на викендов беа забележани 60 пожари на отворен простор, а 9 се сеуште активни (заклучно до недела, 24 часот):
с. Крушевица (Општина Прилеп)
Атарот на с. Лопатица (Општина Прилеп)
Помеѓу с. Растојца и с. Кочиште (Општина Демир Хисар)
Планината Огражден над с. Сушица, кај м.в. Чардак (Општина Ново Село)
с. Кованец (Општина Гевгелија)
с. Сошани - Дебарца (Општина Охрид)
Атарот на с. Теово, помеѓу м.в Бегова чешма и м.в Плевење (Општина Чашка)
Над село Грушино (Општина Сарај/Желино)
Над село Вешала на Шар Планина (Општина Тетово).
ЦУК апелира на внимателност при движење на отворен простор, а особено апелираме до сите земјоделци да не ги палат стрништата а сточарите пасиштата.
Ги потсетуваме граѓаните доколку забележат пожар, но и други итни ситуации што претставуваат опасност по животот и здравјето како и материјалните и природните добра да пријават на единствениот број за итни случаи 112 во ЦУК, велат надлежните.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа