Палевски: Доживотната робија не ме плаши, пресудата е веќе донесена
Првообвинетиот за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежоски, Љупчо Палевски Палчо вели дека не се плаши од доживотната робија.
„Доживотната робија не ме плаши ниту влијae на мене“, порача Палевски.
Како што вели, пресудата за него била донесена на прес конференција од Гаврил Бубевски и Оливер Спасовски.
„Судијата крие оружје бидејќи не се вклопува во претходно нарачаната пресуда на прес конференција од Гаврил Бубевски и Оливер Спасовски. Има докази кои судијата не сака да ги види, ниту допушта да ги презентирам. Не знам како судијата ќе ги цени доказите кога не ги прочитал“, истакна Палевски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа