Побегнала од психијатрија - 20 часа гладна и жедна одела до дома

49-годишната Јадранка Р. од Суботица во петокот побегнала од психијатриското одделение и до своето село кое е оддалечено 40 километри одела пешки, жедна и гладна! Како што пренесуваат српските медиуми, Јадранка по цели 20 часа одење дома дошла замрзната и преплашена, дехидрирани и целата со гребаници и модринки.

- Мојата мајка се лечи на психијатриското одделение. Во петокот требаше да биде пуштена од болница, но бидејќи никој не можеше да ја земе, со лекарите се договоривме дома да биде донесена со брза помош. Сепак, претходно без да знаат лекарите таа се спакувала и побегнала. Лекарите секако не смееле да го дозволат тоа, вели ќерката на Јадранка.

По цели 20 часа жената се појавила дома преплашена гладна и дехидрирана. Неколкупати паѓала додека одела па имала и гребнатинки и модринки. 

Во болницата во Суботица никој не сакал да даде изјава за настанот.

30.12.2013 - 10:25
Фото: 
Дневник

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега