Дете од Прилеп изело отров за глувци - втор случај со труење кај деца

 


Петгодишно дете од делчевското село Триботивиште е хоспитализирано на Клиниката за детски болести во Скопје откако во својот дом испило неколку апчиња. Детето доцна синоќа е примено во болница, каде што е детоксицирано и денеска се наоѓа во стабилна состојба, информираат од Клиниката за детски болести во Скопје.

Директорот на Клиниката, Реџеп Мемеди, во изјава за ТВ Канал 5 вели дека детето испило таблети „санвал“, кои се седатив хипнотик.

„Направени се сите потребни испитувања. Детето е стабилно“, рече тој.

Ова, според директорот, е втор случај во последните неколку дена што бил пријавен во Клиниката за детски болести. Така, пред неколку дена, дете од Прилеп е донесено откако изело отров за глувци.

„Од направените анализи се утврди дека има нарушување во коагулацијата. Дадена е терапија. Сега е во стабилна состојба и веќе од денеска ќе може да си оди дома“, вели д-р Мемемди.

Од Клиниката за детски болести велат дека во текот на една недела имаат минимум по два случаи на труење кај деца со апчиња, корозивни средства и други хемикалии.

Апелираат до возрасните да внимаваат лековите и токсичните средства да не бидат на дофат на деца.

04.03.2025 - 16:27

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега