Шумахер во кома - состојбата е критична
Седумкратниот светски шампион во Формула 1, германскиот возач Михаел Шумахер се бори за својот живот во одделението за интензивна нега во болницата во Гренобл по тешкиот инцидент за време на скијањето на француските Алпи.
Тој се наоѓа во кома и неговата здравствена состојба е критична, а лекарите биле принудени да му извршат итна операција на главата за да се запре внатрешното крварење.
За потсетување, инцидентот се случи вчера претпладне, додека Шумахер се скијал со својот син надвор од означената скијачка патека. При падот удрил со главата во една карпа. Иако носел скијачки шлем, тој не помогнал да ја спречи тешката повреда, предизвикана од ударот во карпата.
Шумахер на тркачките патеки остана 19 години, успевајќи да победи во 91 трка. Седум пати беше светски шампион, првпат во 1994 и потоа во 1995 година, како и петпати по ред, од 2000 до 2004 година.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа