Драма на наплатна станица: Велешанец фатен со дрога во такси
Вчера во 19.20 часот на наплатна станица Сопот, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода М.Л.(56) од Велес.
При контрола кај него и во такси возило, во кое се превезувал, биле пронајдена и одземена кафеава прашкаста материја.
Известен бил јавен обвинител и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
21.02.2025 - 13:12
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа